Спортски Вести

Започнува најбогатото светското првенство во атлетика Пекинг 2015

Светското првенство во атлетика започнува вечерва, нешто по полноќ по средноевропско време, во Пекинг, Кина.

Организаторот во соработка со ИААФ одреди рекордни парични награди за најуспешните. Вкупниот фонд на награди изнесува 7,2 милиони долари со тоа што новите светски прваци во секоја дисциплина ќе заработуваат по 60 илјади долари, освојувачите на сребрени медали по 30, а бронзените по 20 илјади. Парични награди ќе добијат и сите што ќе се пласираат до осмото место.

Во екипните дисциплини, златен медал ќе се наградува со 80 илјади долари, а секој светски рекордер ќе добие плус 100 илјади долари. Светската атлетска федерација парично ги наградува најуспешните од Мундијалот во 1997 година.

На ова Светско првенство Македонија ќе ја представува Ристе Пандев кој ќе настапи во дисциплината 100 метри уште првиот ден во пре елиминарната фаза од трките. Доколку успее да ја помине оваа фаза Пандев ќе влезе во квалификациите на трката на 100 метри кои се исто на програмта на првиот ден. Пандев е рекордер на Македонија во оваа дисциплина со резултат од 10.61 секунди.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1977-Роден е Chris Martin, пијанист, гитарист и вокалист во Coldplay (2000 UK No.4 'Yellow', 2000 UK No.1 албум 'Parachutes').
  • 1963-USА No.1 Four Seasons 'Walk Like A man' (стануваат прва група со 3 последователни американски бр.1 хитви)
  • 1989-Madonna потпишува договор од 5 милиони долари за спонзорирање на Pepsi Cola.
  • 1955-Роден е Jay Osmond од Osmonds (1971 USА No.1 'One Bad Apple', 1974 UK No.1 'Love Me For A Reason' и уште 9 други USА и UK Top 40 синглови).
  • 1943-Роден е Lou Reed, член на Velvet Underground (1968 'White Light, White Heat') и соло изведувач (1973 UK No.10 & USА No.16 'Walk On The Wildside').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје