Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1974 - Членката на Mamas And The Papas, Cass Elliot умира од срцев удар
  • 1966 - Datebook објавува интервју со John Lennon во кое тој изјавува „Сега сме поголеми и од Исус“. Американските христијани се чувствуваат навредени и организираат ‘Beatle огномет’ горејќи ги плочите на групата.
  • 1987 - Во Мичиген прогласен е 'Four Tops ден', како признание за придонесот на групата во американската музика.
  • 1973 - Роден е Wanya Morris од Boyz II Men. 'End Of The Road'.
  • 1973 - Led Zeppelin губат 180.000 долари во кеш, откако крадец им го ограбил сефот во кој биле заработените пари од два концерти во Madison Square Garden.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје