Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1980 - John Bonham, тапанистот во Led Zeppelin, умира на 32 години откако се предозирал со алкохол. ‘Bonzo’ испил 40 шишиња водка за 4 часа.
  • 1955 - Роден е италијанскиот пејач Аделмо Форначјари, попознат како Zucchеro. Senza Una Donna
  • 1968 - Роден е актерот и рапер Will Smith. 'Men In Black'
  • 1976 - Wings одржуваат добротворен концерт за собирање пари за Венеција. Концертот е успешен, но поради тежината на опремата направени се штети на плоштадот Св. Марко.
  • 1992 - Избувнува неред на концерт на Ozzy Osbourne во Oklahoma City. Слободната продажбата на алкохол се смета за причина за инцидентот.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје