Спортски Вести

Пораз на македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Хуавеи турнирот во Литванија. Oвој пат подобра беше селекцијата на Турција која победи со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).

Македонскиот национален тим го одигра најлошиот натпревар во подготвителниот период за Евробаскетот 2015. Во најголем дел нашата селекција имаше тешкотии во организацијата на нападот и пренесувањето на топката на противничката половина, па заслужено победата отиде кај Турците.

Во финалниот натпревар на турнирот, Хрватска беше подобра од домаќинот Литванија со 72:59 со што го освои првото место.

По овој турнир, македонската репрезентација патува за Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби против „црвената фурија“.

20.08.2015
Музички времеплов
  • 1970 - Stevie Wonder се жени со Syreeta Wright, поранешна секретарка во Motown Records, а во 2002 вокалистката на No Doubt, Gwen Stefani стапува во брак со Gavin Rossdale од Bush.
  • 1999 - George Michael е тужен со 10 милиони долари од полицаецот Marcelo Rodriguez од кој бил уапсен во јавен тоалет во Беверли Хилс. Тој тврди дека бил иссмеан во спотот за 'Outside', што му нанело физички неволји.
  • 1968 - На американските ТВ започнува да се прикажува серијата 'The Archies'. Следната година ќе биде издаден и сингл на The Archies, 'Sugar Sugar'.
  • 1968 - До темел гори куќата на Roy Orbison во Нешвил, а во пожарот загинуваат неговите двајца најстари синови. За време на инцидентот Orbison бил на турнеја низ В.Британија.
  • 1959 - Роден е Morten Harket, воклист во A-Ha. UK. No1 'The Sun Always Shines On TV'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје