Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 2002 - Diana Ross е упасена во Аризона зашто возела во пијана состојба. Не можела право да оди, ни да изброи до 30, ниту да стои на една нога. Полицијата открива дека возела пијана двапати над дозволената граница.
  • 1999 - Британската кралица им доделува милениумски одликувања Noddy Holder од Slade и на Mark Knopfler.
  • 1969 - Peter Tork ги напушта Monkees и се откупува себеси од договорот со групата, што придонесува да остане без пари.
  • 1934 - Роден е Del Shannon. 'Runaway'
  • 1946 - Родена е пејачката и поетеса Patti Smith. 'Because The Night' - песна напишана во соработка со Bruce Springsteen
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје