Спортски Вести

Мареј победник на Мастерсот во Монтреал

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во финалето по речиси три часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Со оваа победа тој ја прекина серијата од осум триумфи на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и ја постигна деветта победа во 28.иот меѓусебен меч.

Финалето Мареј го доби со 6:4; 4:6 и 6:3 во сетови.

Новиот шампион на „Роџерс купот“ во Монтреал го искористи нешто послабиот сервис и грешките, кои ги правеше првиот светски тенисер и заслужено стигна до својата четврта титула во 2015 година или 35.та во кариерата. 

Беше познато и пред освојувањето на турнирот во Монтреал дека Мареј од денеска се враќа на местото број 2 на АТП листата и успеа да го мине Рожер Федерер, додека на првото место е Новак Ѓоковиќ

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1997 - Noel Gallagher од Oasis се жени со Meg Matthews во Лас Вегас во истата црква кај што се венчале Elvis и Priscilla. Се разведуваат во 2001 година.
  • 1971 - Grand Funk Railroad надминуваат рекорд на Beatles кога концерт на њујоршки стадион го распродаваат за 72 часа.
  • 1993 - Mariah Carey се мажи со шефот на Sony Music, Tommy Mottola. Гости на свадбата се Billy Joel, Bruce Springsteen, Barbra Streisand и Ozzy Osbourne. Се разведуваат во 1997 година.
  • 1988 - Сопругата на Eric Clapton, Patti бара развод.
  • 1988 - Pet Shop Boys го имаат првиот настап во живо.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје