Спортски Вести

Пријавени 24 пливачи за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и четири натпреварувачи од кои 12 мажи и исто толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија имаат пријавено учество на 29-тиот по ред Меѓународен пливачки маратон што в сабота 29. август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Меѓу пливачите од светската маратонска елита оваа година боите на Македонија ќе ги бранат нашите маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“  до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри.

Организатори на  маратонот се Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата. Оттаму со информација дека сите активности во врска со настанот се во завршна фаза. Општина Охрид и оваа година целосно ја презема одговорноста околу техничката организација  на маратонот, што подразбира  поддршка околу организацијата  во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, детали околу организирањето на културно–забавниот дел на  манифестацијата на самата цел, како и нуркачи, спасувачки  екипи  и друго.

За охридската локлана самоуправа Охридскиот пливачки маратон е настан од посебна важност, бидејќи како настан од светски рамки, придонесува за афирмација на Охрид како спортски и туристички центар.

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1999 - Diana Ross e уапсена на аеродормот Хитроу зашто не дозволила да биде претресена. Пејачката тврдела дека претставничката од обезбедувањето при претресот и ги допрела градите.
  • 1974 - За првпат се прикажува шоуто 'The Sonny Bono Comedy Revue'.
  • 1949 - Роден е David Coverdale, вокалист во Whitesnake. Is This Love
  • 1960 - Родена е Joan Jett. со Blackhearts, 'I Love Rock 'n' Roll').
  • 1986 - Smiths потпишуваат договор со EMI вреден 1 милион фунти.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје