Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1963 - Beatles се главните ѕвезди на Royal Variety Show во Prince Of Wales Theatre во Лондон. Пред Кралицата мајка и принцезата Маргарет, кои биле во публиката, John Lennon ја дава својата позната забелешка: “Вие во поевтините седишта чукајте раце, а останатите тропкајте со своите бисери”.
  • 1951 - Роден е мултиинструменталистот и продуцент Dan Hartman. I Can Dream About You
  • 1980 - Bob Marley се покрстува во Етиопската ортодоксна црква во Кинстон. Станува Растафаријан и си го менува името во Berhane Selassie.
  • 1989 - USА No.1 Roxette 'Listen To Your Heart'
  • 1970 - Роден е раперот, продуцент и текстописец Sean Coombs, попознат како Puff Daddy, P Diddy и Diddy.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје