Спортски Вести

Започнува најбогатото светското првенство во атлетика Пекинг 2015

Светското првенство во атлетика започнува вечерва, нешто по полноќ по средноевропско време, во Пекинг, Кина.

Организаторот во соработка со ИААФ одреди рекордни парични награди за најуспешните. Вкупниот фонд на награди изнесува 7,2 милиони долари со тоа што новите светски прваци во секоја дисциплина ќе заработуваат по 60 илјади долари, освојувачите на сребрени медали по 30, а бронзените по 20 илјади. Парични награди ќе добијат и сите што ќе се пласираат до осмото место.

Во екипните дисциплини, златен медал ќе се наградува со 80 илјади долари, а секој светски рекордер ќе добие плус 100 илјади долари. Светската атлетска федерација парично ги наградува најуспешните од Мундијалот во 1997 година.

На ова Светско првенство Македонија ќе ја представува Ристе Пандев кој ќе настапи во дисциплината 100 метри уште првиот ден во пре елиминарната фаза од трките. Доколку успее да ја помине оваа фаза Пандев ќе влезе во квалификациите на трката на 100 метри кои се исто на програмта на првиот ден. Пандев е рекордер на Македонија во оваа дисциплина со резултат од 10.61 секунди.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1959 - Роден е Morten Harket, воклист во A-Ha. UK. No1 'The Sun Always Shines On TV'
  • 1970 - Stevie Wonder се жени со Syreeta Wright, поранешна секретарка во Motown Records, а во 2002 вокалистката на No Doubt, Gwen Stefani стапува во брак со Gavin Rossdale од Bush.
  • 1968 - До темел гори куќата на Roy Orbison во Нешвил, а во пожарот загинуваат неговите двајца најстари синови. За време на инцидентот Orbison бил на турнеја низ В.Британија.
  • 1968 - На американските ТВ започнува да се прикажува серијата 'The Archies'. Следната година ќе биде издаден и сингл на The Archies, 'Sugar Sugar'.
  • 1989 - Perez Prado умира од срцев удар. Guaglione
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје