Спортски Вести

И седмопласираната од Евробаскетот оди во квалификации за ОИ

На кошаркарскиот турнир на Олимписки игри 2016 ќе настапат 18 селекции, наместо досегашната пракса од 12, што значи дека Европа ќе има пет, наместо досегашните четири претставници.

 

Тоа значи дека и седмопласираната репрезентација од Европското првенство кое започнува на 5 септември ќе добие шанса да настапи на предолимпискиот турнир.

 

Истото важи и за четвртопласираните репрезентации од шампионатите на Азија и Африка.

 

Преостанатите три места ќе бидат пополнети по принципот „вајлд-карта“ која ФИБА ќе им ја врачи на државите кои нема да успеаат да се пласираат, а имаат одреден квалитет и углед во кошаркарската јавност.

 

Македонија на Европското првенство ќе настапи против Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.

14.08.2015
Музички времеплов
  • 1965 - Во Бакингемската палата Британската Кралица ги одликува членовите на Beatles со витешки титули.
  • 1993 - Католичките цркви во Сан Хуан, Порто Рико, ги повикуваат жителите да врзат црни траки на дрвата во знак на протест против одржувањето на првиот концерт на Madonna во таа земја.
  • 2004 - Forbes.com објавува листа на починати музичари кои посмртно најмногу заработуваат. Прв е Elvis Presley, втор John Lennon, а трети е George Harrison.
  • 2003 - UK No.1 Sugababes 'Hole In The Head'
  • 1963 - Родена е Natalie Merchant, вокалистка на 10,000 Maniacs и соло изведувачка.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје