Спортски Вести

Пораз на македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Хуавеи турнирот во Литванија. Oвој пат подобра беше селекцијата на Турција која победи со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).

Македонскиот национален тим го одигра најлошиот натпревар во подготвителниот период за Евробаскетот 2015. Во најголем дел нашата селекција имаше тешкотии во организацијата на нападот и пренесувањето на топката на противничката половина, па заслужено победата отиде кај Турците.

Во финалниот натпревар на турнирот, Хрватска беше подобра од домаќинот Литванија со 72:59 со што го освои првото место.

По овој турнир, македонската репрезентација патува за Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби против „црвената фурија“.

20.08.2015
Музички времеплов
  • 2001 - Добитници на MTV Europe Awards: денс изведувачи и најдобра песна - Gorillaz за ‘Clint Eastwood’
  • 1975 - Elton John е назначен за кум на синот на John и Yoko Lennon, Sean.
  • 1949 - Родена е блуз пејачката, текстописец и гитаристка Bonnie Raitt. Feels Like Home
  • 1942 - Роден е Gerald Alston, вокалист во Manhattans. 'Kiss And Say Goodbye'
  • 1952 - Во магазинот New Musical Express објавена е првата британска поп топ листа. Собрана е продажбата од 53 музички продавници
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје