Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1974 - Rod Stewart го добива четвртиот британски бр.1 албум 'Smiler'.
  • 1994 - За време на концерт на Pink Floyd во лондонскиот Earls Court се урива цела редица седишта. Над 1.000 обожаватели избегнуваат сериозни повреди.
  • 1996 - UK No.1 Boyzone 'Words'
  • 1944 - Роден е Peter Tosh, гитарист и вокалист во Wailers, и соло изведувач. Johnny B Goode
  • 1985 - UЅА No.1 A-Ha 'Take On Me' (први Норвежани што се искачуваат на првото место во САД)
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје