Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1992 - USА No.1 Boyz II Men 'End Of The Road'
  • 1995 - Хотелот во сопственост на членовите на U2, 'The Clarence' уништен е од пожар за кој биле потребни 3 часа за да се стави под контрола.
  • 1933 - Роден е Bill Pinkney од The Drifters (1960 USА No.1 & UK No.2 'Save The Last Dance For Me').
  • 1987 - UK No.1 Michael Jackson & Siedah Garrett ' I Can't Stop Loving You'
  • 1965 - Beatles поставуваат нов рекорд за најпосетен поп концерт. Во Њујорк настапуваат пред 55.600 обожаватели.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје