Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1990 - Продуцентот на Milli Vanilli, Frank Farian, одржува прес конференција за да ги потврди гласините дека двајцата членови на групата, Rob и Fab, не пејат на своите песни.
  • 1932 - Родена е Petula Clark. 'Downtown' - прв американски бр.1 од британски женски соло изведувач.
  • 1992 - По концерт во Калифорнија, Ozzy Osbourne најавува дека се пензионира, изјавувајќи: 'Кој сака да оди на турнеја на 46 години''.
  • 1969 - Janis Joplin е уапсена во Флорида зашто навредила полицаец и не сакала да и каже на публиката да седне на своите седишта.
  • 1933 - Роден е Clyde McPhatter од Drifters. 'Save The Last Dance For Me'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје